26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ5 компании и над 3.000 милијарди долари капитализација

5 компании и над 3.000 милијарди долари капитализација

„Amazon“, „Alphabet“ (сопственикот на „Google“) и „Microsoft“ внесоа сериозен оптимизам на „Вол стрит“ откако објавија неочекувано добри финансиски резултати во текот на минатата недела. Оптимизмот се префрли на „Apple“ и на „Facebook“, чии извештаи ќе бидат објавени на крајот од оваа недела. Така, сосема разбирливо, акциите на технолошките гиганти доминираат во тргувањето со пазарот на капитал.

Акциите на „Apple“ забележуваат поскапување од 45% од почетокот на годината и од најдобрите коментарите на долгоочекуваниот „iPhone X“. Акциите на „Amazon“ додаваат околу 50% од почетокот на годината, додека оние на „Facebook“ поскапуваат со над 55% за истиот период. „Alphabet“ и „Microsoft“ објавија зголемување на цената на акциите за нешто повеќе од 30 отсто во оваа година, објави „CNN“.

Така акциите на технолошките компании се претствуваат подобро дури и од „Nasdaq“, кој расте за 25% во оваа година.

Акциите на сите пет компани се тргуваат по цени близу до рекордниот максимум. Пазарната капитализација на „Apple“ достигне 870 милијарди долари. За да достигнат 1.000 милијарди долари, акциите на компанијата ќе треба да се зголемат за уште 15%.

Секоја од главните американски технолошки компании чини повеќе од 500 милијарди долари. „Amazon“, „Alphabet“, „Microsoft“, „Apple“ и „Facebook“ формираат вкупна пазарна вредност од 3,3 илјади милијарди долари. За споредба, пред две години, вкупната цена на петте компании изнесуваше 2,2 илијади милијарди долари.

Цената на акции на „Facebook“ и на „Google“ скокнаа дури и кога компаниите му даваа објаснувања на Конгресот на САД за рекламните пораки што доаѓаат од Русија во врска со претседателските избори во земјата. Со други зборови, на пазарот не се возбудува од тврдењата дека Русија влијаела на изборите во САД преку рекламирање на социјалните мрежи.

Во овие компании, негативните вести веднаш даваат фокус на позитивни прогнози и анализи. На пример, слабата продажба на „iPhone 8“ не доведе до пад на акциите на „Apple“, бидејќи инвеститорите гледаат потенцијал во новиот „iPhone X“.

Инвеститорите вложуваат во акции на „Amazon“ од друга страна не чувствуваат загриженост дека компанијата навлезе длабоко во разновидни бизниси, како трговијата со прехранбени производи преку купување на синџирот „Whole Foods“.

Ако компаниите продолжат да го зголемуваат профитот и присуство на пазарите во развој, како што се оние поврзани со облачните услуги („Microsoft“, „Amazon“) и виртуелната реалност („Facebook“, „Google“ и „Apple“), сигурно ќе бидеме сведоци на нови рекордни вредности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП