3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаградата „Андреја Дамјанов“ за 2017 година во рацете на архитектката Билјана Филиповска

Наградата „Андреја Дамјанов“ за 2017 година во рацете на архитектката Билјана Филиповска

Архитектката Билјана Филиповска е добитничка на овогодишната награда „Андреја Дамјанов” за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година која ќе ѝ биде доделена вечерва во Музејот на современа уметност во Скопје.

Својот најзначаен проектантски професионален раст Билјана Филиповска го реализира во „Пелагонија проект“ каде работи непрекинато од 1977 до 2002 година на редица проекти со најразлична програма од спорт и рекреација, јавни објекти, објекти за домување и други мали интервенции во просторот. Во 2000 година оформува свое архитектонско биро СТУДИО 2000 во кое е сè уште активна.

Значителен број од проектите работени во овој период се реализирани и оставаат трајни траги во просторот, Олимпискиот базен во Скопје, Комплексот Езеро Треска, поштата во Штип, Поштата во Неготино,станбени кули во Капиштец и многу други. Добитник е на повеќе награди и признанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП