ПочетнаКАРИЕРАОва се грешки кои треба да ги избегнувате на разговорот за работа

Ова се грешки кои треба да ги избегнувате на разговорот за работа

Дали интервјуто за работа ќе биде успешно зависи од многу фактори, но постојат неколку основни правила до кои во секој случај треба да се придржувате.

Доцнење

Ова е една од најголемите грешки, бидејќи покажува дека вашите приоритети се разликуваат од оние на компанијата, која специјално издвоила време за разговор со вас.

Силни мириси

Ова се однесува и на преголемата количина на парфем.

Доаѓање кога сте болни

Доколку не сте здрави, навремено откажете го разговорот, бидјеќи нема да оставите најдобар впечаток. Подобро е да се излекувате и да пробате повторно.

Неприкладна облека

Важно е да облечете нешто во што ќе се чувствате пријатно, но фармерките со дупки, истегнатот џемпер или кратките пантолони не доаѓаат во предвид.

Флертување

Без оглед на тоа колку ја сакате работата и колку ве привлекува личноста со која разговарате, деловното интервју не е прилика на некого да му се нафрлувате.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП