6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се справите со етикетата која сте ја добиле на работа

Како да се справите со етикетата која сте ја добиле на работа

hate1

Озборувачка, мрза, пропалица, баксуз, кодош… се едни од „етикетите“ кои колегите со задоволство си ги припишуваат и кои можат да ве кочат во напредувањето на работа.

За да го избегнете тоа, за почеток дознајте, од доверливи извори, што се зборува за вас по ходниците, потоа смислете план како да „излезете“ од стереотипите.

Не дозволувајте никој да ве навредува и омаловажува, доколку проблемот на вашето работно место е голем, обратете се кај вашиот шеф и замолете го за помош, а во меѓувреме справете се со вашите лоши особини поради кои сте ја заслужиле етикетата.

Трачарење

Ако имате потреба за постојано трачарење на работа, анулирајте го тоа така што ќе си зададете повеќе работа. Исто така можете оваа потреба да ја ублажите со безопасни разговори за познати актери и пејачи.

Игнорирајте ги злобниците

Ако работите со колега кој сака негативно да зборува за другите или вас да ве обвинува за своите грешки, бидете постојано внимателни. Ќе го победите единствено ако го игнорирате.

Его манијак

Ако не престанете да зборувате за своите достигнувања, да мислите дека секогаш сте во право и апсолутно никогаш не грешите, веројатно сте во категоријата „егоманијак и нарцис“. За да бидете омилени, за почеток поделете им некој комплимент на колегите за добро сработената работа.

„Деловен пар“

Колеги што не се во сексуална врска, но оставаат таков впечаток се еден од стереотипите. Ќе ги препознаете по тоа што кокетираат по цел ден и постојано се шегуваат. Ваквиот начин на однесување привлекува непопуларни етикетирања. Држете се настрана од ваквото однесување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП