20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД воведува нови ограничувања за руските енергетски проекти

САД воведува нови ограничувања за руските енергетски проекти

Министерството за финансии на САД објави нови ограничувања кои можe да се применат на руските енергетски проекти. Тие се дел од санкциите кои земјата ги налага на физичките и правните лица кои имаат врски со Русија и се поврзани со јазот во односите меѓу Киев и Москва.

Ограничувањата на Вашингтон веќе се однесуваат и за компаниите кои имаат над 33% или мнозински удел во проекти поврзани со длабински истражувања, студии на Арктикот или проучувања на шкрилците. Со промената, САД забранува извоз, реизвезување или обезбедување на технологија за овие активности без посебна дозвола.

Истражувањето и извлекувањето на ресурсите на Арктикот е еден од приоритетите на руската влада. Во текот на летото премиерот Дмитриј Медведев коментираше дека за проекти во овој регион ќе бидат доделени 160 милијарди рубљи (2,8 милијарди долари), пренесоа руските медиуми, откако стана јасно какви промени ќе се случат во американското законодавство.

„Роснефт“ пак прогнозира дека 20-30% од производството на нафта во Русија во 2050-та година ќе доаѓа токму од континенталниот гребен на Арктикот.

„РИА Новости“ наведува дека во оваа фаза администрацијата во „Белата куќа“ одбива да коментира дали новите санкции ќе се однесуваат на „Северен поток 2“.

Новите енергетски санкции наметнати од САД во текот на летото, исто така, не се по мерка и на Брисел. Мотивите на европските претставници беа дека тие би можеле да ја загрозат енергетската безбедност на заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП