28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Сугарески преговара за директен лет од Скопје до Тел Авив

Министерот Сугарески преговара за директен лет од Скопје до Тел Авив

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на работна средба со претставници од авиокомпанијата Аркиа од Израел разговарал за воведување директна авионска линија од Скопје до Тел Авив. Израелците  му ги презентирале на министерот плановите за ширење на компанијата во Македонија.

„Имавме плодна средба на која ги образложивме нашите услови за работа во оваа дејност во Република Македонија. Тие ги презентираа плановите за ширење на нивната мрежа и во Република Македонија со воспоставување нова линија. Доколку во наредниот период постигнеме договор, овие планови ќе ги реализираме. Да се надеваме дека тие позитивно ќе одлучат и ќе се воспостави директен лет од Скопје до Тел Авив“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот Сугарески ги презентирал можностите и условите што ги нуди Република Македонија за авиокомпании заинтересирани за операции од домашните аеродроми, а се зборувало и за придобивките што ќе ги имаат двете земји во однос на зголемување на туризмот, економските односи и културните врски доколку се реализира авиолинијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП