20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во еврозоната и ЕУ се зголеми во третиот квартал

Економскиот раст во еврозоната и ЕУ се зголеми во третиот квартал

Економијата во еврозоната се зголеми за 0,6% во третиот квартал од годината, што е над очекувањата, покажуваат прелиминарните податоци од „Еуростат“. На годишна основа, зголемувањето изнесува 2,5%.

И во Европската унија, БДП-то расте со исто темпо.

Минатиот месец Европската централна банка (ЕЦБ) ја зголеми прогнозата за економски раст во валутната унија оваа година на 2,2 отсто, најострото темпо по 10 години.

Севкупно, пораката од овие податоци е дека економијата во еврозоната конечно добива сила, објави „ББС“. Покрај тоа, други податоци покажаа дека невработеноста продолжува да опаѓа. Од друга страна, инфлацијата забавува од 1,5% на 1,4% на годишна основа во октомври, а ова се уште се ниски вредности, според „ЕЦБ“.

Проблемот е што со многу ниска инфлација, тешко е централната банка да реагира ефикасно во случај на економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП