18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Шпанија може да надмине 2,5 проценти во 2018 год

БДП на Шпанија може да надмине 2,5 проценти во 2018 год

Шпанската економија би можела да порасне по стапка повисока од 2,5 проценти наредната година, изјави денес шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос.

Тој изрази и очекување дека повеќето компании ќе се вратат во Каталонија, откако, по појавата на кризата во тој регион, ги префрлија своите регистрирани канцеларии во други делови од Шпанија, пренесува Ројтерс.

Изјавите на Де Гиндос доаѓаат неколку недели откако ја намали проекцијата на растот на бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија за 2018 година на 2,3 проценти поради политичката криза во Каталонија, потсетува британската агенција.

Истовремено, финансиските пазари во Шпанија закрепнуваат, откако започна да бледее поддршката за независност на Каталонија, според најновите анкети на јавното мислење.

Главниот индекс на Мадридската берза IBEX зајакна за 1,4 проценти на 10.338 поени, отприлика во истиот процент за колку што претходно ослабна, пренесува американската агенција АП.

На скокот на берзанските индекси влијаеа и резултатите од анкетата на шпанскиот весник „Паис“ обајвени изминатиот викенд, а кои покажаа дека поголем број на Катлонци се „против“ декларацијата за независност отколку „за“ декларацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП