26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Најмногу вработени во Чешка, а најмалку во Грција

ЕУ: Најмногу вработени во Чешка, а најмалку во Грција

Меѓу земјите на ЕУ најмногу невработени има во Грција, во која стапката изнесува 21 процент додека во Чешка стапката на невработеност изнесува 2,7 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

На второ место меѓу земјите со најголема невработеност е Шпанија со 16,7 проценти, а при врвот кога станува збор за невработеноста се и Италија и Хрватска.

Мал број на невработени, освен Чешка, имаат Германија со 3,6 процени и Малта со 4,1 проценти.

Според податоците на Евростат за септември, во ЕУ е забележана најниската стапка на невработеност од ноември 2008 година – дури 7,5 проценти.

Во еврозоната, невработеноста е нешто повисока и изнесува 8,9 проценти, што е најдобриот резултат од јануари 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП