21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е "златен падобран" во бизнисот?

Што е “златен падобран” во бизнисот?

“Златен падобран” гарантира големи готовински исплати на директори или членови на раководството во случај да дојде до престанок на работниот однос за време на непријателско преземање на компанијата.

“Златниот падобран” се покажа како “безбедно и сигурно” решение при “слетување” од една корпорација во друга. Еден пример на златниот падобран е поранешниот директор на Ексон Мобил, Ли Рејмонд, кој по напуштањето на корпорацијата доби 400 милиони долари. А малку помал износ, околу 30 милиони долари доби Стефан Крофос по само три месеци работа на чело на Морган Стенли.

Од друга страна, некои наместо да го активираат и безбедно да слетаат, тие мораа овие падобрани  да ги склопат. Со оглед на тоа дека има повеќе противници на оваа клаузула, го имаме примерот на директор на една француска банка кој поради притисокот на јавноста не му беше исплатен износот на пари кој му бил гарантиран со оваа клаузула. Тука е примерот на Швајцарија, каде што во 2013 година е одржан референдум што резултираше со неукинување на оваа клаузула, но се изгласа платите на директорите и членови на одборот на директори да ги одобри собранието на акционери наместо самите членови на одборот.

Златниот падобран, отпуштањето на директорите го прави многу скап. Сепак, за некои компании, трошокот е поголем ако директорите останат отколку да си одат. Едно е сигурно, за некои директори е поисплатливо да бидат отпуштени отколку да работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП