8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Ноќ на вештерките - индустрија cо вредност од 9...

График на денот: Ноќ на вештерките – индустрија cо вредност од 9 милијарди долари

Оваа година, 179 милиони американци ќе ja прослават Ноќта на вештерките, а износот што ќе го потрошат за овој празник се проценува на рекордни 9,1 милијарди долари, според „National Retail Federation“.

Просечниот Американец ќе потроши 96 долари оваа година, а американците ќе потрошат во просек по 77 долари, објавува „Statista“. Планираните трошоци за домаќинствата се проценуваат на 86 долари.

Средбите на деца облечени во костуми се главен дел од Ноќта на вештерките, а 70,6% од американците планираат да дадат бонбони оваа година. 49,2% ќе стават декорации, а 48,2% од луѓето планираат да носат костими.

За децата, суперхероите ќе бидат најпопуларните костими оваа година, додека за возрасните ќе биде вештерката. Миленичињата, исто така, нема да бидат заборавени, а 16% од луѓето ќе ги маскираат и нив. Најпопуларниот костим за животните во 2017-та година е тиквата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП