18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес претежно сончево, релативно студено со слаб ветер

Денес претежно сончево, релативно студено со слаб ветер

Времето утре ќе биде претежно сончево и релативно студено со слаб северен ветер. Утринските температури на повеќето места ќе се спуштат под нулата, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претежно висока. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 14.

Следува период на претежно сончево и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. В петок и за време на викендот ќе има извесно зголемување на облачноста и постепен пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП