1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваа активностите за создавање балканска економска зона

Стартуваа активностите за создавање балканска економска зона

По самитот во Трст, каде што беше договорено создавање регионална економска област во регионот на Западен Балкан, вчера во Брисел се одржа прв состанок на координаторите на тој процес, на кој присуствуваа и преставници на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, во своето воведно излагање најави дека следниот чекор е да се олесни меѓусебното признавање на професионалните и академски квалификации, да се оди напред во создавање единствена роаминг-територија по примерот на Европската Унија, да се организира дигитален самит заедно со германската влада и Европската комисија, да се изгради консензус за регионалната агенда на инвестициски реформи и да се развие заедничка регионална иницијатива за промоција на инвестициите.

Целта на овие активности е да се трансформира нашиот регион така што стоките, услугите, инвестициите и квалификуваните луѓе ќе се движат слободно без тарифи, квоти или други непотребни пречки и каде што трговијата ќе биде олеснета повеќе од тоа што го предвидуваат правилата на Светската трговска организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП