27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовото задолжување речиси целосно за отплата на старите

Новото задолжување речиси целосно за отплата на старите

Министерството за финансии на аукцијата одржана вчера издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари (71,58 милион евра).

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,8 отсто, двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317,00 милиони денари со камата од 2,10 отсто, тригодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537,00 милиони денари со камата од 2,35 отсто и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,80 отсто.

Денес Министерството за финансии по основ на претходно издадени државни хартии од вредност ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра). Сите достасувања Министерството за финансии ги објавува во календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 288,92 милиони денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во буџетот на Македонија, соопштија од Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП