29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се доделат 40 инкубатори на 12 болници во земјата

Ќе се доделат 40 инкубатори на 12 болници во земјата

Владата на Република Македонија вчера одржа седница на која донесе одлука да им даде на трајно располагање 40 инкубатори на 12 здравствени установи во Македонија.

Поконкретно, осум инкубатори за интензивна нега ѝ се дадени на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, 6 на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје, 16 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и 10 инкубатори на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и во Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП