25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 86 милиони евра се предвидени за реконструкција на 26 патишта

Над 86 милиони евра се предвидени за реконструкција на 26 патишта

Во наредниот период ќе влеземе во еден инвестициски циклус од преку 86 милиони евра за реконструкција на патната мрежа во земјата, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој рече дека голем дел од овие патишта владата ги ветила во програмата, а дел се нови патишта за кои се обезбедени средства од меѓународни финансиски институции.

„Во наредниот период фокус ќе ставиме на реконструкција на 26 патни правци, дел автопати, поголем дел регионални патишта со вкупна должина од преку 420 километри и инвестиција од над 86 милиони евра“, рече Сугарески.

На крај, рече тој, би сакал да потенцирам дека ќе продолжиме со реконструкција и изградба на сите патишта со состојбите кои ги затекнавме и за кои веќе информиравме за настанатите проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП