3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 први симптоми дека во вашето тело се развива рак на дебелото...

5 први симптоми дека во вашето тело се развива рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево е болест која однесува се повеќе животи во земјите ширум светот, еве кои знаци укажуваат дека тој се развива во телото.

Меѓу причините кои докторите ги поврзуваат со рак на дебело црево се секојдневното консумирање на црвено месо, вишокот килограми, недостатокот на физичка активност, алкохолот, пушењето цигари и генетиката.

Прв знак е болката во стомакот, надуеноста и грчевите но во големи количини, не вообичаената надуеност која секој може да ја почувствува, особено во текот и после јадењето. Зголемениот замор и омалаксаност, како и наглиот губиток на тежината исто така се предупредување.

Крвта во изметот е главен знак за рак на дебелото црево, особено ако покрај тоа таа е темна и нередовна. Крвта може да укажува и на хемороиди кои често не се толку опасни, но секако потребна е консултација со лекар. Не треба да се занемари ниту чувството дека постојано ви се оди во тоалет.

Овие појави можат да бидат и симптоми за дијареа или стомачен вирус, но доколку долго траат, најдобро е да ја проверите состојбата навремено во консултација со вашиот доктор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП