12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри ситуации во кои не треба да ви се важни другите туку...

Три ситуации во кои не треба да ви се важни другите туку треба да се заштитите себе си

Да се биде тимски играч во сопствената компанија е навистина одлична работа, но постојат некои прашања или моменти кога е неопходно да бидете себични за да напредувате во вашата кариера.

„Business Insider“ се занимава со оваа проблематика и истакнува три случаи во кои треба да се заштитите себе си. Тоа се случаевите во врска со вашата секојдневна работа, дневните обврски, платата…

Секојдневна работа

Веројатно некогаш сте завршиле некоја работа која не е во вашиот опис на работа. Секогаш бидете подготвени на менаџерот, кој има навика да ви ги задава овие задачи, одлучно да му кажете НЕ! Но, на пристоен начин и со добра причина.

Колку сте платени?

Дали можете да си ја замислите ситуацијата кога ви приоѓа вашиот менаџер и ви кажува како мисли дека сте слабо платени и дека сака да ви ја зголеми платата. Невозможно, зар не?

Ако не превземете иницијатива во однос на вашата плата, секогаш ќе бидете послабо платени од останатите.

За кого работите?

Да се биде дел од секторот кој е лош и има лош шеф, може сериозно да и наштети на вашата кариера. Ниту еден менаџер нема да ви каже дека ви е дозволено да се преместите во некој друг сектор.

Но, вие размислете за преместување!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП