25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканските мобилни оператори T-Mobile US и Sprint нема да се спојат

Американските мобилни оператори T-Mobile US и Sprint нема да се спојат

Цената на акциите на јапонскиот конгломерат „Softbank“ се намалија за 4 отсто во понеделникот, а намалувањето продолжи и денеска.

Причината – основачот на најголемиот инвестициски технолошки фонд во светот Масајоши Сон очигледно се откажал од спојувањето на својот американски мобилен оператор „Sprint“ и американската подружница на германскиот „Deutsche Telekom“ – „T-Mobile US“.

Како причина јапонското економско издание „Nikkei“ го посочува неодоливиот спор за контрола над новата компанија. Некои менаџери на „Softbank“ се „за“ зделката, дури ако јапонската компанија задржи сосема мало влијание во новата компанија. Но, одборот на директори во петокот одлучи дека не се откажува од целосната контрола. Во понеделникот беше одлучено да се стави крај на разговорите.

Од „SoftBank“ не коментираа за вестите, но разочарувањето започна на пазарот.

„Веста е изненадување“, вели за германскиот „Handelsblatt“ Кирк Будри, аналитичар во „New Street Research“. „Без оглед на цената на трансакцијата ова спојување откриваше голем потенцијал за синергија“. Според различни аналитичари зделката можеше да доведе до годишна синергија во вредност меѓу 30 и 45 милијарди долари.

Според „Handelsblatt“, самиот „Deutsche Telekom“ бил изненаден од одлуката. Темата за оперативната контрола била меѓу спорните точки во преговорите, но по се изгледа дека е постигнат компромис.

На „Wall Street“ во понеделникот „Sprint“ загуби над 9 отсто од цената на акциите, а кај „T-Mobile US“ намалувањето беше над 5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП