3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Чиле - новата Саудиска Арабија

График на денот: Чиле – новата Саудиска Арабија

Литиумот е една од најважните суровини што се користат во технологијата на најдобрите батерии, коментира „Statista“. Тоа ќе стане уште поважно кога револуцијата на електричните автомобили ќе биде целосно развиена.

Додека во батериите за смартфон се користат само 3 грама од овој метал, а во оние на лаптопите 30 грама, стандардните батерии за електричен автомобил можат да содржат 10 килограми литиум. Батериите на некои модели на американскиот производител на автомобили „Тесла“ дури содржат 40 килограми литиум.

Како што покажува графиконот, Чиле има резерви од околу 7,5 милиони метрички тони. Ова може да ја направи земјата од Јужна Америка еден од најважните играчи во ерата на електричните автомобили, нешто како новата Саудиска Арабија.

Сепак, поголемиот дел од литиумот доаѓа од Австралија, каде што минатата година од рудниците беа извадени 14.300 метрички тони, според податоците на „U.S. Geological Survey“ (USGS).

Во САД, во 2013-та година беа произведени 870 метрички тони. Бидејќи „USGS“ сака или треба да го избегне откривањето на податоците на компаниите, недостасуваат понови податоци. Резервите може да достигнат 38.000 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП