28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet презема дел од Air Berlin

EasyJet презема дел од Air Berlin

Нискобуџетната авиокомпанија „EasyJet“ постигна договор со „Air Berlin“ за купување на дел од германската компанија која е под стечај, а вредноста на договорот е 40 милиони евра.

Британската авиокомпанија објави дека ќе добие „одреден имот за работење во авиотранспортот на аеродромот „Berlin-Tegel“. Германските медиуми известуваат дека „EasyJet“ ќе преземе и 25 „Airbus A320“ авиони од компанијата „Air Berlin“, пренесува Анадолија.

„Air Berlin“ беше втора најголема авиокомпанија во Германија, а својот бизнис после 38 години го заврши во петокот со вечерниот лет од Минхен до Берлин.

Водечката германска авиокомпанија „Lufthansa“ планира да преземе повеќе од половина од флотата на „Air Berlin“, но тој договор најпрвин треба да ја помине неопходната процедура без ниту еден приговор.

„Air Berlin“ имаше 8.000 вработени, а се очекува дека „Lufthansa“ ќе преземе до 3.000 од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП