20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКога да го очекуваме новиот Pajero?

Кога да го очекуваме новиот Pajero?

Сегашната генерација на „Mitsubishi Pajero“ излезе во 2006-та година, па моменталната верзија на моделот е доста стара. Симпатизерите на теренецот со нетрпение ја очекуваат неговата нова генерација, но таа очигледно нема да се случи многу брзо.

Уште пред 2 години тогашното раководство на „Mitsubishi“ изјави дека развојот на новата генерација на легендарниот модел е стопиран. Причината е дека создавањето на новиот „Pajero“ е премногу скапо и комплицирано, затоа што треба да биде во согласност и со новите еколошки норми кои стапуваат на сила во 2020-та година.

Сето ова создава огромни проблеми пред инженерите на компанијата, кои треба да се соочат со тежината, економичноста и еколошките барања кај новиот модел. Сепак, светлината во тунелот се појави откако „Mitsubishi“ стана дел од алијансата „Renault-Nissan“. Ова доведе до тоа многумина да веруваат дека проблемите на „Pajero“ ќе бидат решени речиси веднаш.

Директорот за операции во „Mitsubishi“, Тревор Ман, сепак, побрза да го угаси ентузијазмот. Тој прецизира дека принципиелната позиција на компанијата не е променета – развој на новата генерација е запрена, а сегашната ќе се продава до моментот во кој кон неа ќе има дури минимален интерес.

„„Pajero“ е една легенда и не подлежи на сомнеж дека еден ден под тоа име ќе се произведува нов автомобил. Но, тоа не оди во најблиските планови на „Mitsubishi““, рече Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП