3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува загуба на 75.000 работни места по Брегзит

Се очекува загуба на 75.000 работни места по Брегзит

Банката на Англија очекува дека Британија ќе загуби околу 75.000 работни места во врска со финансиските услуги, откако земјата ќе ја напушти ЕУ во 2019 година.

„Високи службеници на Банката ја користат оваа бројка како „можно сценарио“, особено ако не дојде до конкретен договор за финансиските услуги меѓу ЕУ и Британија“, објави економскиот уредник на BBC, Камал Ахмед.

Тој додаде дека Банката смета дека тој број може да варира во зависност од условите под кои Британија ќе ја напушти ЕУ.

Банката во моментов ги проценува плановите за вонредни случаи во компаниите кои се занимаваат со давање на финансиски услуги за да се намалат крупните пореметувања по Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП