26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук го посакува кинескиот пазар

Фејсбук го посакува кинескиот пазар

Кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг се сретна со директорите на водечките американски компании „Ејп“, Тим Кук и „Фејсбук“, Марк Цукерберг на кои пред посетата на претседателот на САД на Кина, им вети поголемо отворање на кинеската економија.

На годишниот состанок на советници на Факултетот за економија и менаџмент при „Чинхуа“ универзитетот, Си на присутните им рече дека развојот на Кина е можност за целиот свет.

Состанокот следеше неколку дена откако Си ја зацврсти својата позиција на местото најмоќен кинески лидер по Мао Цетунг, додека „Фејсбук“ има план сериозно да навлезе на кинескиот пазар.

Странските компании често се жалат поради недоволниот пристап на кинескиот пазар. Цукерберг особено се потруди да дојде до кинеското раководство во надеж дека ќе го убеди Пекинг да ја олабави својата забрана кога станува збор за „Фесјбук“.

Цукерберг е фотографиран како задоволно џогира по плоштадот Тјенамен и покрај големото загадување на воздухот, а одржа и предавање.

Сепак, има впечаток дека „Фејсбук“ нема напредувано многу во убедувањето на Пекинг да се предомисли, а тоа изгледа дури помалку веројатно со оглед на зајакнувањето на државната контрола над друштвените медиуми.

Инаку, на кинеската школа за економија гостуваа многу лидери на технолошки и финансиски компании, меѓу кои Стивен Шварцман од „Блекстоун“, Лојд Блекефејн од „Голдман Сакс“ и Илон Маск од „Тесла“, како и многу кинески претприемачи меѓу кои и основачот на „Алибаба“, Џек Ма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП