4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците никогаш не потрошиле повеќе во оваа деценија

Американците никогаш не потрошиле повеќе во оваа деценија

Личната потрошувачка во САД во месец септември скокнала по највисока стапка за последните осум години.

Ваквиот раст е забележан пред се поради тоа што купувањето на моторните возила пораснало во периодот после двата урагани, покажуваат официјалните податоци.

Американците минатиот месец ја зголемиле потрошувачката за еден процент, по растот од 0,1 проценти од август, соопшти американското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата АП.

Во септември, исто така, е регистриран солиден раст на примањата од 0,4 проценти, се вели во извештајот со најновите податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП