29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонското културно наследство на саем во Лувр

Македонското културно наследство на саем во Лувр

Управата за заштита на културното наследство ќе го претстави домашното културно наследство на 23. Меѓународен саем за културно наследство, кој од 2 до 5 ноември ќе се одржува во престижниот музеј Лувр во Париз.

Управата соопшти дека на македонскиот штанд ќе бидат изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии кои се нејзини изданија, а ќе има и кратка видеопрезентација за домашното културно богатство.

Ова е трето претставување на македонското културно наследство на овој саем. Тема на годинашното саемско издание е „Културното наследство и туризмот“.

На 23. Меѓународен саем за културно наследство во француската метропола ќе учествуваат Геманија, Белгија, Кина, Португалија, Италија, Грција, Швајцарија, Холандија и други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП