1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската ВИК ја интензивира соработката со Општина Прилеп

Германската ВИК ја интензивира соработката со Општина Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, вчера оствари средба со претставници на германската компанија ВИК за производство на апарати за кафе, која набргу ќе започне со работа во ТИРЗ кај Алинци во Прилеп, со капацитет на површина од 20.000 квадратни метри.

На средбата извршниот директор Кристоф Дорн го информира градоначалникот Јованоски за текот на реализацијата на инвестицијата и за изградбата на погоните. Според Дорн, инвестицијата ќе финишира во втората половина на 2018 година кога треба да започне со работа со полн капацитет.

Со оглед на отворената поддршка на градоначалникот Јованоски и најавите дека Општина Прилеп ќе ја понуди целата своја логистика за да ја стимулира оваа странска инвестиција, извршниот директор Дорн соопшти дека се планираат и следни чекори во втора и трета фаза. Ова практично ќе значи проширување на капацитетите на дополнителни 10.000 квадратни метри.

„Ја поздравувам вашата инвестиција. Новата локална власт и јас како градоначалник целосно ги поддржуваме вашите напори и заложби за реализација на оваа инвестиција. Стоиме на располагање како логистика во сите сфери, со цел да се интенвизираат инвестициските циклуси. Стимулирање нови странски инвестиции и отворање нови работни места се елементите на економскиот развој на Прилеп, кој е еден од столбовите на мојата изборна програма“, рече градоначалникот Јованоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП