13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската перспектива во еврозоната се подобрува до речиси 17-годишен максимум

Економската перспектива во еврозоната се подобрува до речиси 17-годишен максимум

Економските ставови во еврозоната се подобруваат до највисокото ниво од близу 17 години, соопштува „Bloomberg“.

Индикаторот за економските ставови (ESI) на Европската комисија (ЕК) се зголемува од 113,1 поени во септември до 114 поени во октомври, што е петто по ред месечно зголемување и највисоката вредност од јануари 2001-ва година. Прогнозата на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, беше 113,3 поени.

Во извештајот се наведува дека е задржан позитивниот тренд од есента минатата година.

Според истражувањето на „ЕК“ ставовите се подобруваат во сите економски сектори – индустријата, услугите, потрошувачката на мало и градежништвото.

Податоците за растот на економијата во еврозоната во третиот квартал ќе бидат објавени во вторник. Проширувањето во валутната унија се очекува да продолжи и за 18-ти последователен квартал. „Еуростат“ ќе открие и статистиката за невработеноста и прогнозите се дека показателот ќе забележи пад до 9 отсто.

Минатата недела претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги истакна дека има  подобрени изгледи и изјави дека регионот се „справува многу добро“.

И сепак забрзувањето изгледа не е доволно за да создаде доволно силен инфлациски притисок, поради што според него „разумен, трпелив и конзистентен пристап“ кон постоечките квантитативни олеснувања е оправдан, во спротивно може да ја поткопа обновата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП