27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали мотивационите писма се нешта од минатото?

Дали мотивационите писма се нешта од минатото?

Во последно време веројатно сте чуле дека мотивационите писма станале бескорисни „Регрутерите не ги читаат“, „Менаџерите на човекови ресурси само ги префрлаат во trash“ и слично. Меѓутоа, тоа не е во целост точно.

Мотивационите писма според зборовите на многу експерти од областа за управување со кариерата и понатака се важен сегмент во стратегијата за барање работа.

Мотивационото писмо е прилика да објасните на кој начин чувствувате поврзаност кон работодавецот кај кој се пријавувате за работа.

Гледајте на тоа на следниот начин: работодавците бараат луѓе кои ги разбираат, кои ги чувствуваат, нивната култура, цел, навики, целта на постоењето. Ако во текот на раниот процес на селекција можете да им се приближите на начин тие да увидат дека ги доживувате на вистинскиот начин, ги зголемувате вашите шанси да се истакнете.

Пропратното писмо е прилика да ја раскажете вашата приказна, без оглед дали таа е лична или професионална, која ќе им објасни на нив како вие сте го разбрале нивниот начин на работа и по што тој е подобар, побрз, поефикасен или попродуктивен од другите компании и што е тоа што прави дистинкција во однос на другите.

Меѓутоа, ако имате погрешна стратегија, голема е веројатноста вашето мотивационо писмо да заврши во канта. Запомнете, мотивационите писма не се нешта од минатото. Далеку од тоа. Додека можете да се идентификувате со таа компанија на личен план, поголеми се шансите да добиете вработување. Доколку пак не можете да се идентификувате со таа компанија, можеби е подобро да не испраќате апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП