3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air ја претстави новата полиса за рачен багаж - нема повеќе...

Wizz Air ја претстави новата полиса за рачен багаж – нема повеќе надоместок за рачен багаж

WIZZ AIR, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и  Источна  Европа ја претстави новата полиса за рачен багаж, која им овозможува на сите патници да патуваат со еден голем рачен багаж бесплатно.

Патниците автоматски ќе имаат право да донесат едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23цм и максимум тежина од 10кг кои што се вклучени во цената на картата. Патниците исто така ќе можат да внесат производи купени од фришоп на аеродромот по безбедносните проверки.

За патниците кои бараат дополнителен рачен багаж, услугата WIZZ PRIORITY им овозможува на патниците да внесат дополнителна торба во авионот која ќе ја сместат под седиштето со максимални димензии 40х30х18см, и гарантира дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во кабината. Услугата исто така гарантира дека својот рачен багаж (55x40x23cm) ќе им биде сместен во областа на кабината. WIZZ PRIORITY, исто така им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот (WIZZ Priority услугата е достапна и за патниците ќе ја одберат WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass).

Јохан Ајдахен, главен маркетинг директор на Wizz Air, изјави: ’’Во Wizz Air, задоволството на патниците е наш приоритет, што е причината зошто ние ги слушавме повратните барања на патниците и сега нудиме голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет. Ова е уште еден пример за посветеноста на Wizz Air во обезбедувањето на најдобро искуство за нашите патници, од моментот кога го резервираат својот лет, до слетувањето на одбраната дестинација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП