8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите нафтени компании инвестираат милијарди во чиста енергија

Големите нафтени компании инвестираат милијарди во чиста енергија

Најголемите нафтени компании во светот финализираат се повеќе зделки во сферата на чистата енергија, бидејќи се акумулира притисок за диверзификацијата на бизнисот, а пак растот кај зелените технологии се забрзува, пишува „Bloomberg“.

Големите нафтени компании го удвоја бројот на купувања, инвестирање во проекти или удели во капитал до 44 во 2016-та година. Претходната година тие беа 21. Податоците се од истражувањето на „Bloomberg New Energy Finance“ (BNEF). Во текот на изминатите 15 години, тие финализираа 428 трансакции и потрошија 6,2 милијарди долари за сопственички акции во чисти енергетски компании.

„Ова ја одразува стратегијата за тестирање на нови идеи и нов бизнис“, вели Ричард Четертон, еден од авторите на извештајот. „Меѓународните компании ги идентификуваат можностите и акумулираат експертиза, и кога деловната можност ќе стане јасна, тие ќе инвестираат многу“, додаде тој.

Секако, износите кои се очекува да се инвестираат во чиста енергија се уште претставуваат мал дел од парите што се инвестираат во нафта секоја година. Ова покажува дека големите нафтени корпорации се уште се во голема мера фокусирани на нивната основна дејност. „Royal Dutch Shell“, на пример, годинава одвои 25 милијарди долари за капитални трошоци.

Некои инвестиции на нафтените компании во проекти и стартапи се уште не се објавени. Според проценките на „BNEF“, секторот за чиста енергија привлече скоро 290 милијарди долари во 2016-та година.

Нафтените компании инвестирале најмногу во проекти за соларна енергија, на второ место е ветерот, а офшорните инсталации почнуваат да се израмнуваат со генераторите на сушата.

Корпорациите сакаат да користат своето „know-how“ од бизнисот со фосилни горива од морското дно, што ќе го применат при инсталирањето на турбини во слични тешки услови. Освен тоа, проектите за ветерната енергија е една од најголемите и најризични во индустријата за „ОИЕ“, што води кон поголема профитабилност.

Податоците покажуваат дека интересот за биогоривата е во опаѓање. Неговиот максимум беше кога цените на нафтата беа големи, што поттикна мотивација да се најдат алтернативи. По падот на нафтениот пазар кој започна во средината на 2014-та година, инвестициите исчезнаа од секторот на биогориво. На пример, во 2017-та година, немаше ниту еден договор.

Повеќето спојувања и заеднички вложувања во чисти енергетски компании финализираше француски „Total“. Во 2011-та година, тој доби мнозински удел во „SunPower Corp.“, а во 2016-та година во производителот на батерии „Saft Groupe“.

Вложувањата со ризичен капитал на нафтените компании се насочени кон складирање на енергија и дигиталната технологија, посочуваат од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП