28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокнаа потрошувачките цени во Јапонија

Скокнаа потрошувачките цени во Јапонија

Потрошувачките цени во Јапонија пораснаа во септември 2o17 година девет месеци по ред.

Тоа го покажуваат официјалните статистички податоци, но инфлацијата во третата најголема економија во светот и понатака е далеку под целта на централната банка.

Инфлацијата на потрошувачките цени, со исклучок на волатилните цени на свежата храна, во септември била поголема за 0,7 проценти во однос на истиот месец минатата година, соопшти јапонското Министерство за внатрешни работи, а пренесува агенцијата АФП.

На растот влијаело и зголемувањето на цената на енергентите, како и цената на горивата и водата.

Меѓутоа, кога ќе се исклучат цените на свежата храна и енергијата, базната инфлација во Јапонија во септември забележала раст од само 0,2 проценти на годишно ниво.

Овој показател е значително под целната инфлација на централната банка на Јапонија од 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП