6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога вашиот шеф ќе ја премине границата...

Кога вашиот шеф ќе ја премине границата…

shef1213

Постојат најмалку пет работи кои преставуваат граница помеѓу професионалноста и неприфатливото однесување. Ако вашиот шеф направил една или повеќе работи од оваа листа, време е да проговорите и да заземете став.

1. Вашиот шеф ве опоменал пред колегите

Тоа е облик на злоупотреба и насилство која никогаш не е прифатлива. Иако можеби сте направиле грешка која заслужува за неа да се расправа, добриот шеф тоа ќе го направи со вас во четири очи.

2. Шефот ја дискутирал вашата плата пред другите вработени

Вашата плата е приватна и доверлива информација, а останатите вработени не мораат да знаат колку сте платени. Без разлика дали ќе рече „дали не ве плаќам доволно?“ или „премногу ве плаќам“, се работи за коментари кои што може да доведат до незадоволство помеѓу колегите.

3. Има неразумни очекувања

Ова е лизгав терен бидејќи не е секогаш лесно недвосмислено да се утврди дали очекувањата на шефот биле неправедни или нереални.

4. Дели со вас премногу приватни податоци

Вие сте работник, а не терапевт и шефот не би требало со вас да ги дели приватните проблеми или детали за својот живот, дури и ако се сметате за пријатели. Ако разговорот редовно ви се движи во таа насока, бидете кратки во своите одговори, а потоа сменете ја темата на разговор и вратете и се на работата.

5. Има непримерни забелешки

Секој коментар на шефот поради кој би се вцрвиле, би почнале да трепкате или би се згрозиле е оној кој не требало да го изговори. Тоа вклучува вицови, шеговити и-мејлови, или коментари за вашиот физички изглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП