12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево, свежо и ветровито, температурите до 17 степени

Денес сончево, свежо и ветровито, температурите до 17 степени

Сончево, но свежо, во јужните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и по должина на Повардарието претпладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и свежо, со умерен, претпладне и засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Од утре времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата и ќе бидат во интервал од -6 до 5 степени. Кон крајот на работната недела ќе има благо затоплување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП