6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев ја отфрла можноста за нова економска криза

Медведев ја отфрла можноста за нова економска криза

Dmitry Medvedev

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, им порача на граѓаните дека нема потреба од правење залихи на конзервирана храна, отфрлајќи ја можноста за нова економска криза. „Уверен сум дека ќе ја избегнеме кризата, која е слична на онаа која ја имавме во 2008 и 2009 година“.

Нема потреба од залиха на конзерви со месо, супа, кибрит и сол“, изјави Медведев во интервјуто за „Комсомоласкаја правда“.

За време на средбата со Медведев минатиот месец, претседателот на Русија Владимир Путин предупреди дека Русија би можела да ги почувствува последиците од новиот бран на економска криза. Тој и нареди на владата да работи на развивање нов механизам во борбата против рецесијата.

„Вака беше во 2008 година и сега се соочуваме со слична ситуација. Сепак, за разлика од нашите пријатели и партнери во Европа и другите делови од светот, руската економија, покажува виталност и раст“, изјави Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП