18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелосипедисти од Македонија и Бугарија на планинска тура во Осогово

Велосипедисти од Македонија и Бугарија на планинска тура во Осогово

Петнаесетина велосипедисти од источна Македонија и западна Бугарија вчера возеа планинска рута во падините на Осоговските Планини од македонската страна на границата, откривајќи ги природните потенцијали за одржлив туризам на Осогово.

Активностите се дел од проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“ кој Македонското еколошко друштво (МЕД) го спроведува заедно со партнерската организација Биолошка фондација за биоразнообразие (ББФ) од Бугарија, во координација со германската фондација Еуронатур.

Целта е да се поддржи имплементација на добри практики за регионално одржлив развој, во соработка со локалните заедници, како и да помогне во зачувувањето на ексклузивното биолошко разнообразие на Осогово. Учествуваа осум велосипедисти од Македонија, од Скопје, Кочани, Штип, Виница и шест велосипедисти од Ќустендил и Софија, Република Бугарија.

„Повеќе години се натпреварувавме во тркачки или роад-велосипедизам, сега сме дел од планинските патешествија, планински велосипедизам. Овој настан е одличен за запознавање на можностите на двата предели, секој дел од планината, секој врв што се искачува, секоја мината река и пејзажите кои се гледаат се неповторливо уживање, поради што повикувам секој кој има можност да го искуси ова“, изјави Јоже Јованов, повеќекратен првак во велосипедизам на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП