3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа еден наставен предмет ќе има повеќе учебници

За еден наставен предмет ќе има повеќе учебници

Министерството за образование ќе го менува Законот за учебници за основно и средно образование објавено е на Единствениот електронски регистар на прописи, ЕНЕР.

Целта на промените е да се зголеми бројот на одобрените учебници за еден наставен предмет, осовременување на одобрените учебници за употреба во основните и средните училишта и подобрување на квалитетот на учебниците.

Ќе се менува и Законот за високото образование. Министерството предвидува реформи за автономијата за високообразовните установи, наставно-научниот кадар, квалитетот, финансирањето, студиските програми.

Целта на промените во Закон за средното образование е подобрување на воспитно-образовниот процес во средните училишта, подобрување на условите за работа на наставниот и друг кадар во училиштата, поедноставување на одредени административни процедури, подобрување на начинот на водењето на педагошката евиденција и документација, како и други реформи, а со цел на генерално зголемување на квалитетот на средното образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП