20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе оствари буџетски суфицит од 14 милијарди евра

Германија ќе оствари буџетски суфицит од 14 милијарди евра

Германија ќе оствари буџетски суфицит од 14 милијарди евра во 2017 година, објави германскиот магазин „Шпигел“.

Се наведува дека оваа бројка се разликува од проекциите што претходно ги изнесе германското министерство за финансии, иако економскиот институт и претходно предвидуваше буџетски суфицит во сојузната влада, како и во владите на покраините.

„Шпигел“ вели дека овој суфицит ѝ овозможил на владата да ги покрие трошоците од историскиот договор за складирање на нуклеарниот отпад, кој надминува 7 милијарди евра, како и 6,7 милијарди евра трошоци за мигрантите.

Со ова Германија нема да има потреба да ги користи државните резерви, кои изнесуваат 20 милијарди евра, а кои се обезбедени во текот на 2015 година, кога стигна и најголемиот бран бегалци и мигранти во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП