3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоранешни вработени во Nokia лансираа нов телефон

Поранешни вработени во Nokia лансираа нов телефон

vraboteninokia

Група поранешни вработени во „Nokiа“ кој дале отказ поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем „MeeGo“ во корист на „Windows“, денеска го претставија својот сопствен паметен телефон.

Телефонот на компанијата „Jolla“ кој во целост е интуитивен и нема „копчиња“ според луѓето од компанијата ќе биде значаен кадидат на пазарот за паметни телефони.

Овој модел кој засега е нарекуван „Jolla“ има екран од 4.5 инчи кој е осетлив на допир, а на пазарот се очекува да се појави во четвртото тромесечие со цена од 399 евра.

Оваа компанија себеси се опишува како „различен“ производител на телефони, а во моментов работат на сопствен оперативен систем „Sailfish“ кој се очекува да биде замена за „MeeGo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП