15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе пролонгира можноста фирмите кои имаат блокирани сметки да плаќаат со компензација

Се пролонгира можноста фирмите кои имаат блокирани сметки да плаќаат со компензација

Наместо на 1 јануари 2018 година да престане можноста фирмите кои имаат блокирани трансакциски сметки да плаќаат со компензација, асигнација, цесија и преземање на долг, тоа ќе се одложи за една година.

На Единствениот електронски регистар на прописи, ЕНЕР, Министерството за финансии објави дека планира измени во Законот за платен промет.

Целта на овие законски промени е одложување на примената на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2018 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг.

Ова е второ вакво одложување на примената на Законот за платен промет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП