9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите го прекинаа штрајкот, стјуардесите не се откажуваат

Пилотите го прекинаа штрајкот, стјуардесите не се откажуваат

croatiashtrajk1

Синдикатот на пилотите го прекина штрајкот по преговорите со Управата на „Croatia Airlines“. Стјуардесите го продолжија штрајкот а тоа резултираше со дополнителни нарушување на летовите.

Седмиот ден од штрајкувањето пилотите постигнаа договор со Управата на домашниот авиопревозник.

-Управата потпиша договор со Синдикатот на пилотите за прекинување на штрајкот, како продолжување на преговорите и потпишувањето на Колективниот договор во најкраток рок, изјави Ксенија Жлоф од одделот за односи со јавноста.

Сепак, воздушниот сообраќај не е нормализиран сеуште, бидејќи кабинскиот екипаж продолжи со штрајкување, пренесуваат странските медиуми.

Без стјуардесите авионот не може да лета. Бидејќи тие го продолжија штрајкот, ние сеуште не можеме да ги активираме летовите без нив, изјави Жолф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП