6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„В џеб, ако нема каде друго“ денеска во Eтносело

„В џеб, ако нема каде друго“ денеска во Eтносело

Активисти на движењето ЛЕАД ќе го реализираат проектот „В џеб, ако нема каде друго“, денеска од 13 часот, во Етносело.

Учесниците на ЛЕАД со поддршка на учесници и волонтери, ќе го чистат Етно Село од отпадоци.

Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи со слоганот „В џеб, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП