4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlphabet забележа скок на профитот од 32,4 проценти

Alphabet забележа скок на профитот од 32,4 проценти

Матичната компанија на „Google“ – „Alphabet“ забележа скок на профитот од 32,4 проценти на 6,7 милијарди долари во третиот квартал од 2017 година.

Ваквиот резултат следел благодарение на растот на приходите од огласите но и подобрите резултати во другите области на работењето.

Вo извештајниот квартал, приходите на „Alphabet“ пораснале за 24 проценти на 27,8 милијарди долари во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијaта, а пренесува агенцијата Франс прес.

Заработката ги надминала очекувањата на пазарите, а акциите на „Alphabet“ зајакнаа за речиси 3,0 проценти на 1.021 долар, што е за прв пат да го прејдат нивото од 1.000 долари.

„Alphabet“ настана пред две години со реорганизација на работењето и сега покрај „златната кокошка“ „Google“ опфаќа и зависни компании, меѓу кои се и проектот „Waymo“ за развој на автономни возила и „Loona“ за пружање услуги за пристап на интернет преку балони кои лебдат високо над површината на Земјата.

Сите тие дејности – освен „Google“ – се издвоени во групата „останати иновативни проекти“ кои во третиот квартал забележаа зголемување на приходите од 53,3 проценти на 302 милиони долари.

Преостанатите 27,7 милијарди долари, што е 23,5 проценти повеќе отколку во истиот период лани, ги генерирале огласите на „Google“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП