26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил предвидува минимален економски раст

Бразил предвидува минимален економски раст

brazil1

Бразилската економија оваа година ќе се зголеми за помалку од три проценти, што е пониско од првичните очекувања, покажаа најновите резултати од анкетата која ја спроведе централната банка на Бразил.

Аналитичарите и трговците кои учествуваа во анкетата сметаат дека БДП на Бразил ќе се зголеми за 2,98 проценти во 2013 година, прогнозирајќи за прв пат дека растот нема да надмине три проценти, пренесува Франс Прес.

Бразилската влада, сепак, останува на својата прогноза од 3,5 проценти од БДП за оваа година.

Бразилската економија минатата година се зголеми за скромни 0,9 проценти.

Во неделното обраќање до нацијата, бразилската претседателка Дилма Русеф изјави дека од нејзиното доаѓање на власт во јануари 2011 година се отворени 4,1 милион нови работни места.

Невработеноста во Бразил во март изнесуваше 5,7 проценти, што е најниско ниво за последните 11 месеци, пренесува Франс Прес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП