27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс: Џеф Безос е новиот најбогат човек во светот

Форбс: Џеф Безос е новиот најбогат човек во светот

Главниот извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во моментов е најбогатиот човек во светот, вели „Форбс“. Ова се случува по втор пат во кариерата на милијардерот. Во јули оваа година Безос накратко се искачи на врвот на оваа листа, но потоа го загуби водството од основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Во последниот работен ден од оваа недела, акциите на „Амазон“ ја отворија сесијата со 8% повисока цена, додавајќи скоро 7 милијарди долари кон нето богатството на Безос. Сепак, ова не беше доволно да се отстрани Бил Гејтс од прво место, бидејќи акциите на „Мајкрософт“ додадоа 7% во истиот ден. Така во почетокот на тргувањето, Џеф Безос поседуваше нето состојба од 89.7 милијарди долари, додека на Гејтс беше 90.1 милијарди долари. Малку подоцна, сепак, акциите на „Амазон“ пораснаа за уште 2%, што му додаде 900 милиони на богатството на Безос. Тоа веќе се покажа доволно и со нето состојба од 90.6 милијарди долари Џеф Безос го надмина Бил Гејтс за да го заземе првото место на листата на најбогатите луѓе во светот, според „Real-Time Billionaire Rankings“ на „Forbes“.

До крајот на денот, акциите на „Амазон“ поскапеа уште малку, што на крајот го зголеми статусот на Безос со 10,3 милијарди долари само за еден ден до вкупно 93.1 милијарди долари. Значи, Џеф Безос е веќе 3,1 милијарда долари побогат од Бил Гејтс, кој го заврши денот со 90 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ се зголемија поради добрите финансиски резултати за третиот квартал од оваа година. Компанијата објави приходи од 43,7 милијарди долари, што е повеќе од очекуваните од аналитичарите – 42,1 милијарди долари. Синџирот продавници за намирници „Whole Foods“ која „Амазон“ ја купи порано во текот на годината оствари 1,3 милијарди долари приходи.

Џеф Безос стана најбогатиот човек во светот за прв пат пред три месеци, кога акциите на неговата компанија достигнаа највисока цена, откако се тргуваа на пазарите на капитал. Ова сепак се случи точно пред „Амазон“ да ги објави финансиските резултати за вториот квартал. Податоците кои ги претстави компанијата не ги задоволија очекувањата на инвеститорите и аналитичарите, што влијаеше на цената на акциите на онлајн трговецот. Така лидерството на Безос издржа само неколку часа пред Бил Гејтс повторно да се искачи на прво место.

Кога претходно овој месец „Форбс“ ја објави својата листа на 400-те најбогати луѓе во САД, Безос беше на второ место со 7,5 милијарди долари помалку од Бил Гејтс. Безос се приклучи за прв пат на овој список во 1998-ма година, една деценија откако „Амазон“ стана јавна компанија, со богатство од 1,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП