11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се бунат поради одлуката на шефот на ЕЦБ

Германците се бунат поради одлуката на шефот на ЕЦБ

Шефот на германската централна банка Јенс Вајдман ја критикуваше одлуката на ЕЦБ да продолжи со откупот на обврзници без јасен рок за завршување на таа програма за поттикнување.

Вајдман, кој е во управниот одбор на ЕЦБ, изјави дека откупот на обврзници ја „брише границата меѓу монетарната и фискалната политика“, бидејки ги поддржува позајмиците на владите и намалувањето на каматите на пазарите.

Шефот на ЕЦБ Марио Драги изјави вчера дека „мнозинството“ во управниот одбор било временски да не се ограничува откупот на обврзници. Тоа тело одлучило да се намали нивото на откуп на обврзници од 60 милијарди евра на 30 милијарди евра месечно, до септември следната година, со можност за продолжување на програмата доколку биде неопходно.

ЕЦБ ги намали поттиците за економијата бидејќи еврозоната покажа знаци на силен раст. Откупот на владини и корпоративни обврзници со свежо печатени пари има за цел намалување на долгорочните каматни стапки, поттикнување на позајмиците за компаниите, како и зголемување на инфлацијата на нешто под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП