25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се реализира проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“

Ќе се реализира проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“

Владата на Република Македонија на вчерашната 33. седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје“.

Прифатена е информацијата за склучување билатерален договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја почна постапката за обезбедување финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.

– За реализација на овој значаен проект Владата ги задолжи Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, веднаш да подготват и достават барање до Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и банката КфВ да достават заедничка понуда за подготовка и финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и грант за техничка помош – стои во вчерашното соопштение од Владата на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП