
Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори по итна постапка за Државната клиника за гинекологија во Скопје, како и за дел од другите јавни здравствени установи во државата, се вели во соопштението од вчерашната владина седница.

