2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерство за финансии: Нема спорни трансфери кон НВО

Министерство за финансии: Нема спорни трансфери кон НВО

Министерството за финансии информира дека нема спорни трансфери туку изминатите денови имало редовни исплати кон спортските федерации, Црвен крст и кон Противпожарниот сојуз.

Па така, на 26 ноември била извршена исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт согласно со планираниот буџет кон спортски федерации и клубови, како и за учество на меѓународни натпревари од околу 26,4 милиони денари. За оваа цел најголем дел од средствата согласно со закон се обезбедуваат од приредување на посебните игри на среќа и истите се користат за финансирање на спортот, за спортските федерации и клубови.

„На ист начин се обезбедуваат и средствата кои Министерството за труд и социјална политика ги исплаќа на Црвениот крст, кои исто така спаѓаат во ставката трансфери кон НВО и се редовни исплати. Во текот на вчерашниот ден исплатени се 500 илјади денари за оваа намена. Што се однесува на другите средства – 525 илјади денари, станува збор за исплата која Агенцијата за заштита и спасување ја извршила кон Противпожарниот сојуз“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП