10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетичари тврдат дека БЕГ ги оштетила скопјани за 14 милиони евра

Енергетичари тврдат дека БЕГ ги оштетила скопјани за 14 милиони евра

Стручни лица од енергетиката тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9 милиони евра од компанијата БЕГ, која преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија и со „амин“ на Регулаторна собрала вишок од 13,9 милиони евра.

Во анализата што ја објави „Фактор“ се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.

„Нелегалната“ добивка одобрена од Регулаторна овозможила бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП